tw cover-01.jpg
Pakerica1.gif
Jogurt1_12.jpg
tw cover-01.jpg

Млекара Тетово


SCROLL DOWN

Млекара Тетово


Млекара тетово - Заедно растеме

 

Најдобро одгледуваниот добиток на јужните делови од Балканот отсекогаш се наоѓал на падините на Шар Планина. Препознавајќи го квалитетот на многубројните падини соодветни за пасање на добиток, фармерите во Македонија живееле на овие краеви илјадници години. Во 1977 година неколку ентузијастични фамилии заедно создале компанија за да можат да ја зголемат продуктивноста и да достигнат повеќе потрошувачи. Оваа компанија го носи името Млекара Тетово. Денес нашето производство е речиси целосно автоматизирано за да се овозможи врвен квалитет, но рецептите и методите на основачите сепак остануваат дел од мисијата на Млекара Тетово да снабдува млечни производи на секоја фамилија во Македонија.  

 
 

ПРоизводство

Дознајте повеќе за нашата технологија, квалитет и продуктивен капацитет

Дознајте повеќе

ние и општеството

Откријте повеќе за нашата улога во заедницата и за нашата мисија и филозфија во корпоративното работење

Откријте повеќе→

Pakerica1.gif

Производство


Производство


Нашиот сегашен дневен капацитет за обработка на млеко е околу 100 000 литри, што претставува една четвртина од вкупното дневно македонско производство. Млекото го добиваме од кооперанти населени во пределите на Шар Планина. Нашето партнерство со кооперантите вклучува и регуларни едукативни програми кои се одржуваат на секои два до три месеци, со цел да го подобрат квалитетот и приносот на млеко. Секако, млекото што го примаме за обработка е секогаш подложно на мерки за контрола на квалитетот, со цел нашите потрошувачи да го добијат најдоброто македонско млеко.

Нашите стандарди за квалитет се докажани со нашиот HACCP (Hazard Analysis & Critical Control Points) сертификат, а воедно очекуваме во наредниот период да добиеме и ISO 9001 и Халал сетификати за квалитет.

 

DSC_0051_1.jpg
DSC_0155_1.jpg
Jogurt1_12.jpg

Ние и Општеството


Ние и Општеството


DSC_0078_1.jpg

Млекара Тетово ја чува природата со тоа што ги рециклираме сите отпадни материјали. Нашата одговорност кон општеството ја исполнуваме со тоа што организираме бесплатни едукативни програми за локалните фармери на секои три месеци. Исто така, имплементиравме  програма вредна ЕУР 300 000 со која на нашите кооперанти им дадовме крави што фармерите ги отплаќаат со млеко. Оваа програма е клучна за нашата инволвираност во општеството затоа што поголемиот дел од фармерите во Македонија неможат да си дозволат да купат нови, високо продуктивни крави, а истовремено и одбегнуваат да земат кредити со високи каматни стапки за кои мораат да дадат хипотека. Поради честите, непредвидливи промени на цените на млекото, нашите кооперанти ги заштитивме и со атрактивни, фиксни цени, а воедно фармерите не плаќаат ни камата.    

Доколку вашата кариера сакате да ја отпочнете или продолжите во нашето семејство, пратете ни го вашето CV на info@mlekaratetovo.mk