Нашиот сегашен дневен капацитет за обработка на млеко е околу 100 000 литри, што претставува една четвртина од вкупното дневно македонско производство. Млекото го добиваме од кооперанти населени во пределите на Шар Планина. Нашето партнерство со кооперантите вклучува и регуларни едукативни програми кои се одржуваат на секои два до три месеци, со цел да го подобрат квалитетот и приносот на млеко. Секако, млекото што го примаме за обработка е секогаш подложно на мерки за контрола на квалитетот, со цел нашите потрошувачи да го добијат најдоброто македонско млеко.

Нашите стандарди за квалитет се докажани со нашиот HACCP (Hazard Analysis & Critical Control Points) сертификат, а воедно очекуваме во наредниот период да добиеме и ISO 9001 и Халал сетификати за квалитет.

 

DSC_0051_1.jpg
DSC_0155_1.jpg